February 26, 2021 19:05
Спорт

Брестовац: Во Костески можеме да добиеме крило за наредните десет години

Македонската ракометната репрезентација на 27. Светско првенство кое се игра во Египет ја оставри целта пласман во втората рунда натпреаври, каде ќе одигра уште три средби. По двата убедливи порази од Шведска (32:20) и домаќинот Египет (38:19) македонските ракометари собраа сили и со подобро издание само во едно полувреме – второто, го совладаа аутсајдерот во групата Чиле (32.29). Целта е оставрена. На македонија и претстојат пресметки, утре против Словенија, па со Русија и Белорусија. Втората фаза ќе се игра од 20 до 24 јануари. Македонија во новата група ќе стартува без бодови.

-Победата над Чиле може позитивно да делува на репрезентативците и да направиме уште еден чекор напред. Наредните три натпреаври ги дочекуваме без психолошки притисок, затоа што нашата цел е остварена. Она што го очекувам е да покажеме квалитет, борбеност и дисциплина, она што не го покажавме на првите натпреаври. Со овие играчи мора да бидеме и потрпеливи. Македонскиот ракомет се наоѓа во специфична ситуација, порачува селекторот Данило Брестовац пред продолжението од мундијалските обврски, каде Македонија допатува како прва резерва в очи на стартот на шампионатот.

Помладите ракометари имаат и помала малата минутажа во своите клубови. Затоа селекторот повторно побара трпение за игрите и резултатите кои треба да ги демонстира оваа нова генерација на репрезентативци.

– Да бидам искрен, не се сомневав дека ќе го победиме Чиле. За момент малку се исплашив поради онаа тимска реакција на првите две средби, но овој трет меч беше сосема поинаков, одигравме добро, потпрени на постарите ракометари и на голманите. Кога се ќе се собере и одмземе – ова беше тимска победа во која секој си го даде свој удел. Мило ми е што гледам дека почна и јавноста да им верува на одредени играчи, на пример како Костески, во кого на ова СП би можеле да добиеме крило за наредните десет години, истакна Брестовац.

 

My Hero Academia 2 (Dub) Episode 25 at KissAnime promare kissanime

The Quintessential Quintuplets 2 Episode 2 at AnimePlanet shoujo manga anime planet