February 27, 2021 22:38
Спорт

Брестовац: Високите пикери на Словенија ќе ни прават големи проблеми

Македонската ракометна репрезентација денеска продолжува со настапите на 27. Светско ракометно првенство во Египет во втората фаза од натпреварувањето против Словенија (15.30 ч.). Поротивникот е добро познат и ја има улогата на фаворит пред денешната нова 14. меѓусебна пресметка. Македонија и Словенија досега имаат одиграно 13 натпревари. „Црвено-жолтите“ имаат оставерона само две минимални победи и тоа на Европските првнества. Во Србија, во 2012 година, Македонија славеше во битката за петтото место над Словенија со 28-27, а во Хрватска, во 2018 година со 25-24.

Македонскиот селектор Данило Брестовац добро знае со кого ќе си имаат работа денеска неговите избраници.

-На овие три натпревари од вотрата фаза можеме да влеземе порастеретено затоа што целта е веќе остварена. Важно е денеска да играме дисциплинирано во одбраната и мораме да го одработиме она за што ќе се договориме.Словенија е репрезентација од врвот на европскиот ракомет. Тие се репрезентаија која лансира најмногу средни напаѓачи од година во година. Ме плашат нивните два пикери кои се високи и ќе ни прават проблеми. Ќе ни биде тешко ако играме како против Шведска и Египет. Имам голема верба во моите ракометари и очекувам добро издание, порача Брестовац.

JoJo's Bizarre Adventure: Diamond is Unbreakable Episode 39 at website https://kissanimeonline.com god of highschool kissanime

SK8 the Infinity Episode 2 at AnimePlanet jojo part 5 dubbed anime planet