February 26, 2021 09:01
Спорт

Бресотовац: Не сме научени да создаваме, сакаме резултати преку ноќ !

Македонската машка ракометна репрезентација која на 27. Светско првенство во Египет допатува со „вајлд карта“ по стартот на шампионатото, вчера во првиот меч доживеа убедлив пораз од фаворитот Шведска (32:20). Овој пораз и прикажаната игра предизвикаа многу реакции во домашната спортска јавност.

Македонскиот селектор Данило Брестовац, еден ден по поразот, во пресрет на утрешниот врот настап во групата со домаќинот Египет, призна дека не очекувал вакво издание на неговите избраници, но потенцира дека ова репрезентација во која е почната смена на генерација е во фаза на екипирање и дека допрва треба да се очекуваат резултати.

-Поразот како пораз не боли толку, но ова што ни се случи на нас беше дебакл. Тешко ми беше по натпреварот, бидејќи ова не го очекував. Ова е селекција во создавање, финалната глазура треба да ја има на наредното ЕП – вели Брестовац кој смета дека не може преку ноќ да се дојде до резултати.

-Сите се нестрпливи, сакаат успех на кратки патеки. Македонецот не е научен да создава, сака резултат преку ноќ. Потребно е време. Мојот договор е на три години, ми тече втората, пробуваме нови работи, вчера имавме добри работи со новите крила. Против Шведска потфрливме во играта еден на еден, два на два. Моите играчи можат многу повеќе, ова не е клише. Создаваме репрезентација што ќе игра во наредните 15 години. Ова се квалитетни момци. Има обвинувања оти не се добри, ама тоа се празни муабети од ракометни лаици – порача предводникот на „црвено-жолтите“.

 

Bottom-Tier Character Tomozaki Episode 2 at website https://funimationfree.com funimation dragon ball

Back Arrow Episode 2 at GoGoAnime weathering with you gogoanime