April 20, 2021 18:20
Спорт

Бредли Бил постави антирекорд во НБА

Кошаркарот на Вашингтон визардс, Бредли Бил ја продолжи серијата порази иако постигнувап по 40 или повеќе поени за својот тим во НБА-лигата. Вашингтон визардс ноќеска загуби на гостувањето кај Бостон селтикс со 111:110.

Ова беше 11 последователен пораз за Вашингтон кога Бредли постигнува 40 или повеќе поени по што е поставен нов антирекорд во НБА лигата.

Претходниот антирекорд исто така му припаѓаше на Бил, кој го постави на 27 јануари.

Против Бостон Бил постигна 46 поени, реализирајќи 16 од 29 удари од поле.