September 26, 2022 01:57
Балкан

Брегу: Западен Балкан се соочува со сериозни сајбер напади, а дигиталната писменост останува ниска

Регионот од неодамна се соочува со сериозни сајбер напади, а дигитализацијата на Западен Балкан може да се оцени двострано – изјави Генералната секретарка на Советот за регионална соработка (РСС) Мајлинда Брегу на денешното отворање на Дигиталниот Самит на Западен Балкан во Приштина.

-Две страни на медалот има дигитализацијата во нашиот регион. Од една страна се релизирани големи исчекори по прашање на широкопојасната поврзаност, масовното ширење и користење на електронските услуги, а информатичките и комуникациските технологии за повеќето земји стануваат главна извозна услуга и економски ресурс…Од друга страна, нашиот регион од неодамна се бори со сериозни сајбер напади. Дигиталната писменост и натаму е на ниско ниво од 24 до 47 посто, во споредба со 54 посто на ниво на Европската унија, а ист е случајот и со прекуграничната интероперабилност. Дезинформациите и лажните вести цветаат“ – изјави Брегу.

Брегу, како што соопшти РСС, побара од ЕУ и укинување на визите за Косово и добивање на кандидатски статус за Босна и Херцеговина.

Самитот се одржува во време кога нашиот регион се наоѓа на раскрсница, а ние се обидуваме да најдеме некои светли точки како што се задоцентиот почеток на преговорите со Албанија и Северна Македонија. Истовремено, не можеме, а да не инсистираме на тоа да се преземат храбри и решителни чекори во правец на пристапување на регионот кон Европската унија без одложување, вклучувајќи и укинување на визите за Косоварите и кандидатски статус за Босна и Херцеговина, заклучи Брегу.

Петиот Дигитален сами на Западен Балкан се одржува 21 и 22 септември во Приштина, а на него присуствуваат високи претставници на шест земји од Западен Балкан, на Европската комисија, на Советот за регионална соработка, меѓународни финансиски институции и приватниот скетор во ИКТ индустријата.