August 19, 2019 10:22
Свет

Брегзит без договор ќе загрози 700.000 работни места во туризмот

Ако Велика Британија ја напушти ЕУ на 29 март без договор, во Велика Британија ќе бидат загрозени 300.000 работни места во туризмот и 400.000 во Европа.

Брегзит без договор ќе предизвика загуба од 18,6 милијарди фунти за економијата на Велика Британија и загуба од 22 милијарди фунти за економијата во ЕУ, стои во анализата на Светскиот совет за патувања и туризам направена врз основа на предвидениот пад на економската активност на Островот за 7,7 проценти.

Туристичката индустрија во британскиот БДП придонесува со 213,8 милијарди фунти, и има четири милиони работни места. Туризмот во БДП во земјите од ЕУ носи повеќе од 1,5 трилиони евра и генерира 27,3 милиони работни места.

Велика Британија е петта најголема туристичка економија во светот и Брегзит без договор ќе има навистина драматично влијание. Според предвидувањата на ММФ, за Европа тоа вкупно би можело да биде загуба од 40 милијарди фунти и 700.000 работни места. Нашите членки веќе го гледаат влијанието врз нивното работење и вработеноста, изјави Глорија Гуевара, претседателка и извршна директорка на Светскиот совет за патувања и туризам, кој обединува туристички професионалци од целиот свет, но и претставници на влади.

Нови вести

ОН: Во светот во моментот има дури 70 милиони бегалци, што е рекорд по Втората светска војна

zane

Австрија и Словенија почнуваат дијалог за заедничката историја

zane

Во Турција уапсени 418 лица поради врски со Курдската работничка партија

zane