November 29, 2021 19:42
Балкан

Братучед на Ѓокиќ осомничен за тројното убиство, кај него биле пронајдени 43.000 евра

Српската полиција вечерва уапсила едно лице за кое постои основано сомнение дека учествувало во монструозното убиство на тричленото семејство Ѓокиќ во селото Моравац кај Алексинац. Српските медиуми известуваат дека тој е братучед на семејството Ѓокиќ, кај кого полицијата пронашла 43.000 евра.

Станува збор за Горан Ѓониќ, кој живеел на четири куќи од таа на Горан во Моравац. Тој бил поранешен пожарникар, сега во пензија. Горан често му ја миел колата на братучедот, бидејќи Ѓокиќ не им верувал на пералниците поради сефовите што ги чувал во автомобилот. Така убиецот дознал каде Ѓокиќ ги криел парите. Убиецот сè однапред испланирал, ја подготвил нафтата, нашол дупка каде ќе ги закопа телата, ги однел таму, ги убил и ги запалил. После тоа, убиецот го возел нивниот автомобил на околу 10 километри, каде го запалил за да уништи секаква трага, а на истото место го запалил својот жолт скутер, кој го користел кога го извршил злосторство!

Пполицијата пронашла закопани пари во дворот на еден од двајцата синови на осомничениот Џониќ, а се сомнева дека татко му ги закопал таму во обид да ја префрли вината за неговото  злосторство врз синот!

Уапсениот Горан Џониќ во полиција тврдел дека не е убиец и дека делото го извршиле неговите два сина. Меѓутоа, двата сина, едниот пожарникар, а другиот вработен во војската на Србија, го поминале полиграфот.

-Убиството на семејството Ѓокиќ ја згрози и вознемири цела Србија. Извршено е професионално, трпеливо, методично и очигледно долго време се подготвувало. Благодарение на упорната и несебична работа на припадниците на Полициската управа на Ниш, членовите на полициската управа, како и Дирекцијата за криминалистичка полиција, Основното јавно обвинителство во Алексинац и Вишото јавно обвинителство во Ниш, успеавме да стигнеме до лицето за кое имаме основано сомнение дека учествувал во монструозното убиство на семејството Ѓокиќ, изјавил српскиот министер за внатрешни работи Александар Вулин.

Вулин нагласил дека е пронајдена значителна сума на пари што му припаѓале на убиеното семејство, а во просториите, односно на имотот што го користел осомничениот, пронајдени се некои други предмети кои „несомнено биле дел од ова страшно и монструозно убиство“, наведува тој.

AnimeBee: Resident Evil: Damnation anime episode Full online free at https://animebee.to online anime

Website https://animeheaven.pro: Watch Peeping Life: YouTuber-kun animeheaven Episode 4 animeheaven dragon ball super

Watch anime online for free at AnimeDao animedao official site

AnimeKisa: Minna Atsumare! Falcom Gakuen anime episode 13 online free at https://animekisa.in animes online

Strike Witches Episode 12