October 17, 2019 08:47
спорт

Братот на Валентино Роси триумфираше во Тајланд

Братот на Валентино Роси, Лука Марини, победи на трката во Тајланд во Мото2 конкуренцијата со тимот на Калекс. Италијанецот го презеде водството пред да се преполови трката и забележа втора последователна победа во Тајланд за тимот на „Докторот”. Успехот на младиот пилот е прв по Малезија во 2018 година.

Марини успеа да напредува и за една позиција во генералниот пласман, каде сега е шести.

Алекс Маркез, кој заврши на петтото место денес, останува лидер.

Битката за второто место на „Бурирам” ја спечали Бред Биндер со КТМ.

Нови вести

Гвардиола не би го продал Фоден ни за 500 милиони евра

Igor

Реал без петмина првотимци ја чека Осасуна во Мадрид

Igor

Ангеловски ќе го пушти Адеми во игра ако загусти

Igor