November 19, 2019 22:36
Спорт

Бразил ја победи Полска во дербито на Светскиот одбојкарски куп

На Светскиот одбојкарски куп што се одржува во Јапонија, репрезентацијата на Бразил забележа победа над Полска во дерби натпреварот од 9. коло. „Кариоките” славеа во пет сета со 3:2, по сетови 19:25, 25:23, 25:19, 16:25 и 15:11.

На тој начин Бразил го задржа максималниот ефект на врвот на табелата, додека Полска е втора.

Резултати од денешното, 9. коло:
Аргентина – Русија 3:1
Италија – Канада 2:3
САД – Австралија 3:0
Полска – Бразил 2:3
Тунис – Египет 3:1
Јапонија – Иран 3:1.

Во горниот дел на табелата е Бразил со 26 бода, пред Полска со 22, САД со 21 и Јапонија со 20 бода.

Нови вести

Тотенхем го отпушти Покетино

Filip

Гризман веќе почнал да размислува да ја напушти Барселона

Filip

Тренерот на Надал: Неверојатно е како ја заврши годината

Filip