January 29, 2023 14:06
Спорт

Бразил без Жезус и Тељес во продолжение на СП 2022

 Бразилските фудбалери Габриел Жезус и Алекс Тељес ќе го пропуштат продолжението на Светското првенство во Катар поради повреди, соопшти денеска бразилскиот табор.

Двајцата се повредија за време на вчерашното последно коло од групната фаза во кое Браил беше поразен од Камерун со 1-0.

Ден по натпреварот и извршените прегледи потврдено е дека и Жезус, и Тељес го повредиле десното колено и селекторот Тите нема да може да смета на нивните услуги во продолжение на Мундијалот.

Ова е голем удар за Бразил бидејќи за натпреварот од осминафиналето против Јужна Кореја неизвесен е настапот на Нејмар, Данило и Алекс Сандро.