Бразилското правосудство покренува истрага против претседателот Жаир Болсонар за кажување невистини во изјавите за пандемијата на коронавирус.
Поведувањето на истрагата го наредил еден од судиите на Врховниот суд, се наведува во соопштението од оваа институција, пренесе агенцијата ДПА.
Болсонаро ги поврза Ковид-19 и ХИВ во директен пренос на социјалните мрежи во октомври. Имено, бразилскиот претседател изјави дека луѓето кои се вакцинирани против Ковид имаат поголема веројатност да заболат од ХИВ.
Од почетокот на пандемијата, тој ја негираше сериозноста на вирусот и одби превентивни мерки и ограничувања.
Бразилскиот претседател е скептичен и кога се во прашање вакцините. Тој е обвинет за одбивање и одложување на набавката на вакцините.
Според официјалните податоци, повеќе од 22 милиони луѓе во Бразил досега се заразени со корона вирусот, а повеќе од 615.000 пациенти починале како последица на ковид-19.