December 6, 2019 12:26
Свет

Бразилската армија се распоредува за ганење на пожарите во Амазонија

Со поддршка на воени авиони, бразилските војници почнаа да се распоредуваат низ прашуми во Амазонија за да се борат со пожарите што го зафатија регионот со рекорден интензитет.

Првата мисија ќе ја извршат 700 војници околу Порто Веља, главниот град на бразилската држава Рондонија, изјави министерот за одбрана Фернандо Асеведо.

Шест бразилски држави побарале федерална помош, додаде министерот. Тоа се Рондонија, Рораима, Токантинс, Пара, Акра и Мато Гросо.

Вкупно ќе бидат распоредени 44.000 војници за гаснење пожари, а два авиона Ц-130 Херкулес ќе користи војската.

Нови вести

Синдикатите: Не го прекинуваме штрајкот додека Макрон не се откаже

zane

Русија и Турција ќе договараат нови С-400

zane

Али ал-Систани повика за избор на нов премиер на Ирак „без странско мешање”

zane