October 6, 2022 13:38
Живот

Бојлерот троши најмногу струја, но еве начин како да го спречите тоа!

Бојлерот е еден од уредите кои трошат најмногу струја во домот, кој заедно може да биде одговорен за дури 23 отсто од потрошената струја.

За повеќето апарати, најочигледно решение е да се држат исклучени кога не се користат, а еве како можете да го „скротите“ електричниот бојлер, за кој експертите проценуваат дека е еден од најголемите енергетски вампири во домаќинството. Имено, за само еден час работа, моќноста на бојлерот е да троши по два киловати. Ако работи два и пол часа секој ден, троши вкупно 150 киловати месечно, пишува „City Magazine“.

Повеќето бојлери имаат претходно наместена температура, но за да заштедите пари, поставете го термостатот на бојлерот на економично грееење, односно на температура помеѓу 50 и 60°C.

Покрај тоа што е непотребно, прегревањето на водата (до 75 или дури 85°C) предизвикува поголема потрошувачка на електрична енергија, но и побрзо влошување на бојлерот и формирање бигор.

Затоа се препорачува редовно да се одржуваат електричните бојлери, односно бојлерот и греалката да се чистат приближно еднаш годишно, а каде што водата е помека може да биде поретко. Зуењето и тропањето на бојлерот кога е вклучен обично е јасен знак дека околу грејачот има наслаги од бигор кои треба да се отстранат.

Исто така, важно е да се напомене дека, за разлика од повеќето други апарати за домаќинство, бојлерот нема да троши помалку ако е постојано исклучен бидејќи водата ќе мора да се загрева одново секогаш кога ќе се вклучи. Затоа електричниот бојлер се исклучува само кога нема да ви треба топла вода долго време.

Според експертите, најмалку струја се троши доколку бојлерот е правилно наместен и постојано вклучен.