February 16, 2019 17:02
Македонија

Бошњаковски: Одлуката за притворот за Моника Ристеска е престрога

За Владата, одлуката за притвор од 30 дена за Моника Ристеска делува престрого во однос на стореното дело, соопшти портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски.

„Истовремено сакаме како Влада да укажеме дека мора да се почитуваат законските процеси и дека Македонија се темели на принципот на владеење на правото. Потенцираме дека Владата како и за сите други прашања така и за ова е подготвена за дијалог со сите заинтересирани страни, граѓански организации, граѓани и кој било друг кој има потрба. Отворени сме целосно во однос на ова прашање“, рече Бошњаковски.

На Моника Ристеска, која е активистка за легализација на марихуаната, вчера ѝ беше определена мерка притвор во траење од 30 дена. Од скопското обвинителство денеска соопштија дека Ристеска е осомничена дека во текот на 2017 и 2018 година во повеќе наврати неовластено набавила марихуана, од која со понатамошна преработка добивала хашиш и други опојни средства, кои потоа ги продавала во Скопје.

Related posts

Министерот Адеми на работилница за проблемот со аерозагадувањето

Ivona

Собранието ја укина забраната за продажба на алкохол по 19 часот

24news

Заев: Укажувањата на Венецијанската комисија ќе бидат вградени во законот

Igor