January 24, 2021 04:26
Македонија

Бочварски: Не може автопат без патарини и без алтернативен пат

На денешната прес конференција на која министерот за транспорт и врски, Благојчо Бочварски најави изграба на капитален проект со 200 социјални станови, беше запрашан за цената на патарините на автопатот Скопје – Штип. Министерот потенцираше дека државата има релативно ниски цени на патарините, а за да имаме квалитетна патна инфраструктура, патиштата треба да се одржуваат и сервисираат тековно, што тоа ја чини државата и граѓаните.

„Цената на патарините законски изнесува 2,57 денари по километар, без разлика дали се работи за еден или друг автопат, цената на патарините се исти, дали кон Гевгелија, Велес или Куманово. Автопатиштата се начин за побрзо и побезбедно движење на граѓаните и за нивно одржување потребно е за тоа да се плати. Граѓаните имаат и втора можност да патуваат преку Велес, или преку регионалните патишта каде нема патарина, рече Бочварски на денешната прес-конференција, коментирајќи ги реакциите дека цените на наплатните рампи наводно ќе бидат високи.

Патарините кај нас и во светот постојат со децении и тие се отвораат за да може и да се поврати инвестицијата во следните неколку децении, но и за тековно одржување на патот. Некаде се плаќа годишна тарифа при регистрација, некаде се купува картичка во трање со одреден период, некаде е со наплатни рампи, како што е во моментов кај нас. Цената се утврдува според километар и тоа е така со години.

Многу поважно е дека, кога се поставуваат патарини на возачите да им се остави алтернатива, ако им е скапо или не сакаат да платат од други причини, да имаат спореден пат за возење и да не го користат автопатот. Возачите во нашата држава се секојдневни сведоци дека споредните (алтернативни) патишта на секој автопат во земјава се полни со возила, што би значело дека тоа што Бочварски го споменува како втора можност за патување одамна функционира.

Fire Force Season 2 (https://animeflix.nl/m/LeDm) Episode 24 at website https://animeflix.nl animeflix dr stone

JoJo's Bizarre Adventure: Diamond is Unbreakable Episode 39 at website https://gogoanime.be. See more tower of god gogoanime