Македонија

Бочварски: Легализирани 265.264 бесправно изградени објекти, нов рок за легализација со канзен пенал

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на денешното доделување на решенија за легализација во општина Ѓорче Петров, рече дека досега биле легализирани вкупно 265.264 бесправно изградени објекти и најави продолжување на рокот за легализација.

-Според новиот Предлог-закон за бесправно изградени објекти, надоместокот за комуналиите ќе биде зголемен за 50 проценти како казнен пенал којшто ќе треба да го платат граѓаните коишто ќе пристапат кон ваквиот тип на решавање на правниот статус. Од плаќање на надоместок со предлогот ослободени се примателите на социјална помош, државни органи, единици на локална самоуправа, јавни субјекти, како и верските објекти, соопшти министерот.

За бесправните објекти кои се изградени во одредени заштитени подрачја со новиот Предлог-закон се предвидува да се побара согласност за легализација од органите надлежни за управување во овие подрачја.

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров информира дека од вкупниот број на поднесени барања, околу 12.500, за легализација  остануваат уште околу 2.500.

-Во исто време им напоменавме на граѓаните, кои не стигнале во роковите или биле отсутни надвор од државата и не можеле имотно правно да ги средат своите имоти, дека во тек е носење на нов закон, рече Наумоски.

Тој упати благодарност до Владата, особено до Министерството за транспорт и врски, што ја помага финансиски општина Ѓорче Петров.

-Како сиромашна општина, имаме голема помош од Владата, особено од ресорното Министерство за транспорт. Изградени се над 20 километри фекална канализација, асфалтирани 33 улици преку „Македонија пат” и ЈПДП, коишто се под Министерството за транспорт, како и тековно за решавање на најгорливиот проблем на граѓаните, односно легализацијата, рече Наумоски.

AnimeHeaven anime sites: Watch Hunter x Hunter (Dub) Episode 129

GoGoAnime attack on titan gogoanime: Watch Attack on Titan Episode 20 (https://gogoanime.be/m/LZ/ep-20)