January 22, 2022 06:54
Македонија

Бочварски – Граф: Имаме одлични услови за инвестирање, ги повикувам сите заинтересирани германски компании да вложат во нашата земја и да се вклучат во изградба на инфраструктурните проекти

Инфраструктурните проекти од делот на патната и железничката инфраструктура, гасификацијата како и економските потенцијали на земјата и отвореноста за влез на инвеститори од Германија, се дел од темите за кои денеска разговораа министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски со заменик-амбасадорот и раководител на одделот за економија на германската амбасада, Ото Граф во Министерството за транспорт.

-Денешната средба беше од огромно значење за да ги промовираме можностите за вложување и на двете земји, разговаравме и околу инвестицискиот циклус во делот на инфраструктурата. Имаме одлични услови за инвестирање, ги повикувам сите заинтересирани германски компании да вложат во нашата земја и да се вклучат во изградба на инфраструктурните проекти, истакна Бочварски.

Од Министерството за транспорт соопштија дека министерот Бочварски и заменик-амбасадорот Ото Граф најавиле заедничка заложба за продлабочување на билатералните односи и економската соработка меѓу Република Северна Македонија и Сојузна Република Германија. 

https://animeheaven1.com/. AnimeHeaven is the best animes online website, where you can watch anime online completely free. No download, no surveys and only instant premium streaming of animes.

watch anime online Tokyo Ghoul

anime website JoJo's Bizarre Adventure: Golden Wind (Dub)

AnimeHeaven Attack on Titan Final Season Episode 14

Naruto: Shippuden Episode 492

Demon Slayer -Kimetsu no Yaiba- The Movie: Mugen Train