Search

Борис Џонсон приклучен на кислород

Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, кој заболе од коронавирус, е примен во болница бидејќи лекарите се загрижилe за неговото здравје. Премиерот прима кислород, пренесува „Дејли мејл“.

Џонсон бил однесен во болница бидејќи неговите симптоми не исчезнале 10 дена откако било утврдено дека е позитивен на тестот за коронавирус.

Се верува дека Џонсон почнал да прима кислород, додека многумина веруваат дека тој го ризикувал своето здравје затоа што продолжил да работи откако се разболел.

Еден пратеник посочи дека Џонсон сакал премногу да го имитира својот херој Винстон Черчил и дека треба да се одмора.

Даунинг стрит инсистира премиерот и понатаму да ја контролира работата на владата, и покрај тоа што останува во болница без да се знае кога ќе биде отпуштен.

Сепак, неговиот заменик, Доминик Раб, претседаваше со дневниот состанок на Кризниот одбор за коронавирусот, а премиерот очигледно нема да ја игра истата улога како и обично.

Откако Џонсон бил примен во болница, упатени се повици да ја предаде борбата против новата болест на некој друг.

Треба да знаете
Последни објави