August 20, 2022 00:53
Балкан

Борисов: Нема да се повлечам и ГЕРБ да ја претворам во брош на Продолжуваме со промената

ГЕРБ има лидер избран пред 3 месеци. Се повлеков од парламентот, да не иритирам, предложив кабинет без мое учество. Отсега да им свириш, да оставиш силна партија да стане брош на Продолжуваме со промената како ДБ, нема да се случи. Дефинитивно, избори“.

Ова за бугарски „Сега“ го коментира лидерот на ГЕРБ и поранешен премиер Бојко Борисов по повод шпекулациите дека е подготвен да поднесе оставка од раководството на партијата во контекст на обидите за формирање кабинет.

Ваквите коментари доаѓаат по изјавата на поранешниот претседател Росен Плевнелиев за БТВ, во која тој вели дека „Борисов е подготвен да поднесе оставка како лидер на ГЕРБ. Борисов е подготвен да го стори тоа и тоа го изјави многупати, вклучително и во разговорите со Кирил Петков. Борисов отсекогаш бил за европскиот развој на Бугарија“.

Сепак, според Борисов, поранешниот претседател не бил правилно разбран.