Македонија

Борисов: Нема да бидам кандидат за премиер во новиот кабинет

Бојко Борисов нема да биде предлог на ГЕРБ за нов премиер. Борисов ова лично им го потврди на новинарите по посетата во Велико Трново.

„Звучи нескромно, но нема поподготвен од мене. Не случајно ние сме првата политичка сила. Многу луѓе сакаат да бидам јас, но јас отсекогаш верував дека единството прави сила. Јас нема да бидам кандидат за премиер во новиот кабинет, што ќе го предложи ГЕРБ. Ќе биде номиниран друг кандидат“, изјави Бојко Борисов.

„Не е правилно за мене, како Радев, да одам и да ја поделам нацијата на два дела. Ќе номинирам друг премиер со европска, НАТО ориентација“, рече Борисов.

„Имаме една недела според Уставот да формираме кабинет“ продолжи тој.

Ќе останат и стари министри, ќе има и нови“, додаде тој и одби да одговори на повеќе прашања на темата.

Тој повика на одговорност на другите партии во парламентот.

На прашањето дали предлогот за премиер ќе биде Томислав Дончев, Борисов одговори „ Не, тој не го заслужува тоа. Го добивме мандатот, ќе го сфатиме многу сериозно“, рече Борисов.

KissAnime my hero academia kissanime: Kuro Gal ni Natta kara Shinyuu to shitemita. (https://kissanimeonline.com/m/ldY7) Episode 1

GoGoAnime classroom of the elite gogoanime: The Seven Deadly Sins (https://gogoanime.be/m/xga) Episode 24