October 17, 2019 08:45
Македонија

Борисов: Го поддржуваме започнувањето преговори со Северна Македонија и Албанија

– На денешната владина седница донесовме одлука да го поддржиме започнувањето на преговорите на Република Северна Македонија и Република Албанија со ЕУ, но ќе инсистираме тие да ги почитуваат добрососедските односи. Ова го напиша бугарскиот премиер Бојко Борисов на неговиот фејсбук профил.

-Бугарија е постојана во поддршката за европската перспектива на земјите од Западниот Балкан со оглед дека процесот на присоединување е клучен двигател за реформи и стабилност во регионот. Бугарија ја поздравува и поддржува препораката на ЕК за започнување на претпристапните преговори како со Република Северна Македонија, така и со Албанија. Во исто време, Бугарија не треба да дозволи интеграцијата на Република Северна Македонија во ЕУ да биде придружена со европско легитимирање на анти-бугарска идеологија спонзорирана од државата, напиша на фб премиерот Борисов.

Нови вести

Со реални економски политики и мерки растат платите, минималната плата зголемена за над 60 проценти за само 2 години

Igor

Ново рочиште за „Титаник”

Igor

Сончево и топло до 30 степени

Igor