October 20, 2020 13:09
Балкан

Борел: Само ЕУ може да го стабилизира Балканот

ЕУ е изложена на голем тест на Балканот, а едно од горливите прашања се преговорите меѓу Белград и Приштина, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел за „Фајненшл тајмс“.

Тој додаде дека само ЕУ може да го стабилизира Балканот.

Поранешниот министер за надворешни работи на Шпанија рече дека Балканот е „буре барут“ и дека ЕУ треба да помогне да се спречи негово експлодирање, со цел да се подобри регионалната безбедност и да се исполни амбицијата да се биде веродостојна светска надворешно-политичка сила.

„Ако не го стабилизираме Балканот, ќе биде многу тешко за Унијата да се смета за геополитичка сила. Бидејќи никој друг нема да го стори тоа, освен Европејците“, рече Борел.