November 27, 2021 03:38
Свет

Борел: Само дијалогот под медијаторство на ЕУ е решение за Србија и Косово

Земјите членки на ЕУ разговарале за ситуацијата на Западeн Балкан на ниво на министри за надворешни работи, повториле дека само дијалогот под медијаторство на ЕУ е решение, јави дописничката на МИА од Брисел.

Високиот претставник за надворешна политика, Жосеп Борел на прес конференцијата на крајот на министерскиот состанок на ЕУ изјави дека Белград и Приштина треба да се вратат на преговарачка маса во Брисел.

Тензиите на северот на Косово помеѓу Белград и Приштина предизвикаа голема загриженост во ЕУ. Хрватскиот министер за надворешни работи, Гордан Грлиќ Радман утрово предупреди дека ситуацијата во регионот се влошува и дека ЕУ треба да посвети дискусија на оваа тема.

Шефот на европската дипломатија уште еднаш ги повика лидерите да се посветат на дијалогот за нормализација на односите за да избегнат слични тензии како што се случија во последните недели.

-Ситуацијата на границата меѓу Косово и Србија е многу тешка, разговарав со претседателот Вучиќ и премиерот Курти, последните случувања и договорот од 13 септември покажаа дека нашиот ЕУ дијалог е единствениот начин за напредок и ги повикуваме и двајцата да се вратат на ситуација каде дијалогот ќе може да продолжи, изјави Борел денеска. 

AnimeFreak: Sumomomo Momomo: Chijou Saikyou no Yome anime episode 22 online free at https://animefreak.ws watch anime

Website https://animeflix.nl: Watch Peter Grill and the Philosopher's Time animeflix Episode 12 animeflix initial d

Website https://4anime.biz: Watch Ghost in the Shell: Arise - Border:3 Ghost Tears (Dub) 4anime Episode Full 4anime safe

KissAnime: MahoYome: Aisatsu anime episode Full online free at https://kissanime.mx watch anime

Gintama: THE SEMI-FINAL Episode Full