September 25, 2021 02:01
Свет

Борел: Русија сака да ја подели ЕУ, Унијата мора да остане обединета

Русија сака да ја подели Европската унија преговарајќи само со одредени членки, на што треба да одговори со единство, изјави денеска министерот за надворешни работи на Европа, Жозеп Борел, на пленарната седница на Европскиот парламент.

– Нашето единство треба да биде најголемото богатство во односите со Русија. Сакаат да не поделат, не им е грижа за Европската унија, рече Борел во расправата со европратениците за односите ЕУ-Русија.

Тој смета дека Русија сака да разговара со земјите -членки поединечно и само со одредени, „со оние што се важни”.

– Русија секогаш се обидува да ја подели Европската унија, а Унијата како одговор мора да остане обединета. Верувајте ми, тоа не е секогаш лесно, истакна тој.

Шефот на европската дипломатија смета дека состојбата на европско-руските односи е „потешка од кога било” и дека „де факто нема вистинска комуникација”.

– Сепак, Русија е сосед на ЕУ и важен глобален играч, затоа е потребна нова стратегија за да се направат односите со Русија помалку конфликтни, попредвидливи и постабилни. Таа стратегија не смее да подразбира откажување од поддршката за руското граѓанско општество, бидејќи поддршката на демократијата е еден од главните приоритети на ЕУ, истакна Борел.

AnimeTV Watch english anime Online in HD for FREE

WCOStream: The Promised Neverland Season 2 (Dub) anime episode 11 online free at https://wcostream.cc wcostream spongebob

White Fang (Dub) Episode Full

AnimeHeaven: Code Geass: Lelouch of the Rebellion: Miraculous Anniversary anime episode Full online free at https://animeheaven.pro one piece anime heaven

Deviantart: https://www.deviantart.com/gogoanimelol

Wishlistr: https://www.wishlistr.com/profile/kissanimemx