June 24, 2021 21:35
Балкан

Борел очекува западнобалканските лидери утре да му го презентираат своето видување за регионот

Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Жозеп Борел очекува на утрешната вечера во Брисел, лидерите од Западен Балкан да му ги презентираат своите ставови за политичката состојба и развојот во регионот, изјави портпаролот на Европската комисија Петер Стано.

Тој така одговори на прашањето на агенцијата Бета на брифинг со новинарите во Европската комисија, за тоа што точно очекува Борел да слушне од лидерите во регионот и која е неговата порака до нив, имајќи предвид дека високиот претставник на ЕУ минатата недела им рече на шефовите на дипломатиите од Унијата дека ситуацијата на Западен Балкан претставува „сериозен геополитички проблем”.

– Самото одржувањето на состанокот е важно затоа што Борел оцени дека немало такви состаноци меѓу високи претставници на ЕУ и Западен Балкан, рече Стано.

Според него, ова е „логично продолжение на дискусијата што министрите за надворешни работи на ЕУ ја одржаа минатата недела за регионот, кога дискутираа од поширок стратешки и политички агол за Западен Балкан, а не само за проширувањето”.

Министрите за надворешни работи на Унијата, според Стано, сакале да ја разгледаат ситуацијата од поширока перспектива. – Причината и целта на утрешната средба е навистина да се слушне од лидерите на Западен Балкан како тие ја гледаат тамошната политичка ситуација таму, изјави портпаролот на Борел.

Тој сака „да го обнови многу поредовниот ангажман за многу пошироки прашања од самото проширување, за кое имаме многу почести контакти на многу нивоа на ЕУ и партнерите од Западен Балкан”.

– Тоа е целта на таа вечера и очекувањето е таквата размена на мислења да продолжи и да даде појасен импулс на сегашниот ангажман на ЕУ во однос на Западен Балкан, заклучи Стано.

AniWatch anime sites: Watch Re:ZERO -Starting Life in Another World- Episode 24 (https://aniwatch.pro/m/YN8/ep-24)

KissAnime kissanimefree: Watch Horimiya Episode 3 (https://kissanimeonline.com/m/j0yM/ep-3)