January 22, 2020 20:29
Македонија

Борел: Мораме да го врземе Западниот Балкан за ЕУ 

Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел вели дека приоритет на неговата работа на чело на европската дипломатија ќе биде приближување на Западниот Балкан кон Унијата, како и постигнување договор во дијалогот меѓу Белград и Приштина.

– На прво место мораме цврсто да го врземе Западниот Балкан за Европската Унија, наведува Борел во писмо упатено до министрите за надворешни работи и за одбрана на земјите членки на Европската унија пред првото заседание на Советот за општи работи на ЕУ под негово претседавање.

Во писмото во кое ги изнесува своите видувања за приоритетите и начините на работа поврзани со надворешната и безбедносна политика на Унијата, Борел наведува дека „непосредното соседство” треба да биде еден од приоритетите на ЕУ.

– Запирањето на конфликтите и излекувањето на раните во непосредното опкружување е важно и за стабилноста и безбедноста на самата ЕУ, смета Борел.

Тој напоменува дека е важно земјите членки на ЕУ да се договорат како ќе го водат процесот на проширување, додавајќи дека за ова прашање ќе работи заедно со министрите за надворешни работи и со комесарот за проширување Оливер Вархеји.

Во делот за „непосредното соседство на ЕУ”, Борел посочува и дека покрај на проширувањето, ќе се посвети и на постигнување „сеопфатен договор меѓу Србија и Косово, како и на поставување на Босна и Херцеговина на патот кон вистинска стабилност”

Нови вести

Џафери на трибината Агенда Воздух 20-24: Правната држава е клучна во одбраната на здравата животна средина

Filip

Шукова на трибината Агенда Воздух 20-24: Воведуваме 24 часовен инспекциски надзор на загадувачите, ги зајакнуваме инспекторатите за животна средина

Filip

Државен студентски дом: Истражувањето на МОФ се однесува на податоци од 2015 година

Filip