December 7, 2022 22:01
Свет

Борел ги отфрли незаконските референдуми во Украина и нивниот резултат

ЕУ го осудува одржувањето на незаконски „референдуми” и нивниот фалсификуван исход, напиша на Твитер високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел.

– Ова е уште едно кршење на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, во услови на систематско прекршување на човековите права. Ја поздравуваме храброста на Украинците, кои продолжуваат да се спротивставуваат и да даваат отпор на руската инвазија, нагласи Борел.