Македонија

Борбата против тероризмот – обврска од првиот кластер за членство во ЕУ

На онлајн платформата Зум денеска се одржа дебатата на 10-та сесија на Работната група – 4, Правда, слобода и безбедност (Поглавје 24) на Националнта конвенција за Европската Унија во Македонија (НКЕУ-МК) во организација на Европското движење на тема „Спречување и борба против тероризмот: Националната и европската перспектива во идентификување и заштита на критичната инфраструктура“, на која учествуваа Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и националниот координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам, Златко Апостолоски, македонски, словачки и српски експерти, универзитетски професори, како и претставници на Институтот за безбедност, одбрана и мир, на Институтот за демократија, на Центарот за управување со кризи и на граѓанскиот сектор.

Оваа тема, како што рече националната координаторка на НКЕУ-МК и претседателка на Европското движење во земјава, професорката Милева Ѓуровска, на отворањето на дебатата,  е извлечена од првиот кластер од Новата методологија за пристапување кон ЕУ, во делот што ги опфаќа прашањата од Поглавјето 24, каде меѓу приоритетите за државите – кандидатки за членство во ЕУ се и активностите за спречување и борба против тероризмот.

„Тероризмот како своевиден вид на политички притисок претставува сериозна закана, со која се соочуваат современите општества. Цел на терористичките акции во најчест случај е оневозможувањето или уништувањето на витални објекти на државите, кои во политиките и стратегиите за заштита од тероризмот го имаат називот критична инфраструктура“, изјави Гуровска, објаснувајќи дека вообичаено за критична инфраструктура се сметаат телекомуникациите, системите за производство на електрична енергија, системите за складирање и транспорт на гас и нафта, банкарството и финансиите, транспортот на патници, снабдувањето и дистрибуцијата на енергија и вода, службите за итна помош (медицинска, полициска, пожарникарска).

Загрозувањето на оваа инфраструктура, како што беше речено, ја оневозможува одбраната, ја згрозува безбедноста и здравјето на луѓето, ја уништува економијата и го прекинува нормалното функционирање на општеството.

Според министерот Спасовски, заштитата на критичната инфраструктура е пред сè национална одговорност, конкретизирана преку начелото на супсидијарност на кое се заснова и Европската програма за заштита на критичната инфраструктура.

„Доколку тргнеме од општото гледиште дека под критична инфраструктура се подразбира сè она што е од витално значење за функционирањето и опстанокот на една заедница или општество, неминовен e заклучокот дека таа е суштински сегмент на националната безбедност, a нејзината заштита претставува еден од приоритетите на секоја држава“, рече министерот Спасовски, осврнувајќи се на потребата од сеопфатно концепциско решавање на заштитата на критичната инфраструктура и на потребата од интегриран пристап, односно изградба на системски и целосен концепт на заштита на критична инфрастуктура, со идентификување на сите релевантни капацитети во јавниот и приватниот сектор.

„Земајќи ја како основа директивата на Европската Унија од 2008 година при конципирање на идното решение, а притоа следејќи ги основните принципи на Европскиот концепт за заштита на критичната инфраструктура, ефикасната заштита ја наметнува потребата од континуирана комуникација и координација на сите релевантни субјекти. Тоа подразбира навремена и постојана размена на податоци за ризиците, заканите и ранливоста на критичната инфраструктура, притоа создавајќи средина на доверба и обезбедена заштита на споделените податоци“, нагласи министерот Спасовски.

Во насока на јакнење на прекуграничната соработка и споделување на исти вредности, од особено значење е донесувањето на заеднички методологии за идентификација и класификација на ризиците, заканите и ранливоста на наведената инфраструктура, рече министерот Спасовски, истакнувајќи дека согласно со анализите на националните стратегии на повеќето држави-членки на ЕУ, во однос на заштитата на националната и европската критична инфраструктура, како и преземените чекори на оние земји кои се веќе дел од процесот на пристапните преговори со Унијата, се наметнува заклучокот дека повеќето држави наведените прашања ги уредуваат преку донесување посебни закони за заштита на критичната инфраструктура.

„Потребата од донесувањето посебен закон за заштита на критичната инфраструктура е веќе предвидена како наша обврска во Заедничкиот акциски план за борба против тероризмот, кој во октомври 2019 година го потпишавме со Европската комисија и со кој преземавме обврска да го изготвиме и донесеме наведениот закон. Меѓутоа, тоа не е само обврска на нашиот пат кон Европската Унија, туку должност пред нас самите, одговорност кон државата и нашите граѓани“, заклучи министерот Спасовски во своето излагање.

Директорот на Словачката асоцијација за надворешна политика од Братислава, Томаш Стражај, рече дека е потребна поддршка на владините институции, особено на Министерството за внатрешни работи, кога станува збор за теми како што е борбата против тероризмот, затоа што не е ограничена на еден регион, туку се прелева. „Дискусијата за идентификација и заштита на критичната инфраструктура сé уште се одвива и кај нас во Словачка, така што оваа дискусија ќе ни помогне и нам“, рече Стражај.

Во живата и плодна дебата се вклучи и националниот координатор за спречување насилен екстремизам и борба против тероризам, Златко Апостолоски, кој рече дека во последниот период успеавме да го подигнеме нивото на критичната инфраструктура.

„Веќе влегуваме во сериозни активности за изготвување на законот. Се договоривме за постапките околу изготвување на законот. Како Национален комитет ние го имаме високо на нашата агенда поставено ова прашање. Но, со тоа не завршуваат проблемите, туку се отвораат и нови прашања за кои треба да дискутираме на еден поширок форум каков што е овој и да се организираат и работилници, но и да ги користиме најдобрите практики“, изјави Апостолски.

Тој посочи дека мора да се подготвиме и за модерните закани како што се нападите од дронови и заканите од сајбер напади, кои станаа реалност и ја таргетираат критичната инфраструктура, така што од аспект на тероризмот е потребна физичка и дигитална заштита. Според него сериозни закани се и климатските промени, како поплави, земјотреси и други природни непогоди.

Александар Спасов, советник за надворешна политика, внатрешна политика и уставни прашања на претседателот на РСМ, инаку професор на Правниот факултет „Јустинијан Први‟ при УКИМ од Скопје рече дека треба да дадеме сé од себе најдобрите европски практики да ги прилагодиме на нам посебни услови и карактеристики и посочи дека Кабинетот на претседателот стои на располагање во подготовка на законот.

Дипломатот Андреј Лепавцев, пак, рече дека оваа тема е ставена на маса не само поради обврската за членство во ЕУ, туку и поради ниската безбедносна култура во државата, а потребата од дебата на оваа тема ја потврдуваат и огромниот број учесници-експерти како и присуството на самиот министер за внатрешни работи.

Потребата од дебата на оваа тема ја аргументираше и професорката од Институтот за безбедност, одбрана и мир на Филозофскиот факултет при УКИМ, Мартина Митревска, наговестувајќи дека не чека еден интензивен процес.

„Мора да тргнеме од сето она што го работи ЕУ која има колективен процес и пристап. Европската Директива од 2008 година е важен документ, но треба да го доведеме во национален контекст“, истакна таа.

Хрватското искуство на дебатата го сподели професорот на Факултетот за политички науки на Универзитетот во Загреб, Роберт Микац. Тој посочи дека се најважни два сектори од критичната инфраструктура, а тоа се енергетика и транспорт. Инаку, Закон за заштита на критичната инфраструктура во Хрватска е донесен во 2013 година, кога таа стана членка на ЕУ.

Заменик-директорот на белградскиот центар за безбедносна политика и координатор на работната група за поглавјето 24 НКЕУ на Република Србија, Бојан Елек, пак, пренесувајќи го српското искуство рече дека околу 750 организации се блиско поврзани со надлежните институции на Србија, особено со Министерството за внатрешни работи на Србија.

Професорот од Институтот за безбедност, одбрана и мир на Филозофскиот факултет при УКИМ, Тони Милески, рече дека не може целосно да се елиминираат заканите, особено сајбер заканите, а исто така, треба да се внмава на финансискиот момент во имплементирањето и градењето на системот за заштита на критичната инфраструктура.

Тони Станковски, помошник-директорот на единицата за стратешко планирање, стандарди и контрола на квалитет при МВР, изјави дека полицијата веќе ги обезбедува државните институции, странските дипломатски претставништва, самостојно, но и во соработка со други субјекти.

„Постојаните и брзи промени носат и нови ризици, па и критичната инфраструктура добива нови облици и нејзината заштита мора да се развива паралелно со промените. Идентификувањето на ризиците и опасностите треба да биде навремено и е многу важно за да може да се превенираат заканите. Ниту еден објект не треба да се смета за имун од напад“, рече Станковски.

Експертот Трпе Стојановски, професор на Факултетот за безбедност од Битола, изјави дека прашањето на тероризмот е едно од клучните прашања, што се гледа и од Извештајот на ЕУ за нашата држава, каде што се третира на рамниште на организиран криминал.

„Треба да размислуваме за закон што ќе има употребна вредност и да се мисли на закани како резултат на климатски промени, а не само тероризмот“, кажа Стојановски.

Генералната секретарка на Комората за приватно обезбедување, Сања Керамитчиева, посочи дека според нивното специфично истражување, 1169 правни лица во нашата држава се компании што мора да имаат задолжително приватно обезбедување.

Директорот на Aеродромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид, Ѓорѓи Алчески, кажа дека во воздухопловството се поставуваат национални програми што ги донесува владата. За новиот закон кажа дека треба да се донесе врз основа на меѓународните прописи, а потоа треба да се направат посебни акти и програми за обезбедување на дадените објекти, вклучувајќи ги и аеродромите, како и да се обучат кадри за тоа.

Нита Старова ги изнесе заложбите на фондацијата Фридрих Еберт, која пред три години организирала меѓународна конференција за заштита на критичната инфраструктура во нашата држава, а минатата година продолжиле со поширока дебата како оваа денешната и „следните чекори се во рацете на власта“.

И Светлана Николовска, професорка на Факултетот за безбедност во Битола, која се занимава со истражување на сајбер тероризмот, рече дека е неопходен закон кој треба да биде применлив, особено кога е во прашање сајбер инфраструктурата, додека Димитар Николовски, директор на Здружението на граѓани, Еуротинк, го задржа вниманието на заканите од климатските промени.

Професорката на Факултетот за безбедност од Битола, Марина Малиш-Саздовска, укажа дека треба при донесување на законот да се обрати внимание на карактеристиките, капацитетите и инфраструктурните решенија на нашата држава, а не само да се препише законското решение.

Маргарита Цаца Николовска рече дека законот мора да биде јасен, предвидлив и достапен.

„Треба да се дефинира точно што е тоа критична инфраструктура, начинот на презентирање на таа структура и што можат граѓаните да разберат, бидејќи зафаќа сериозни теми и укажа дека треба да се внимава на човековите права“, тече таа, потенцирајќи дека треба законот да биде пошироко претставен пред јавноста пред тој да биде донесен, бидејќи законот е битен, но исто така е битен и квалитетот на законот, за да не се доведуваме во ситуација ако не се запазени човековите права државата да мора да одговара пред меѓународните судови за заштита на човековите права.

На дебатата беа предложени применливи препораки во правец на креирање легислатива за заштита на критичната инфраструктура според европските стандарди, меѓу кои препораките да се дебатира за специфичностите и за безбедноста на националната критична инфраструктура и да се потенцира посветеноста на институциите надлежни за оваа област. На тој начин ќе се приближиме до концептот на Европската Унија за изнаоѓање инструменти за имплементација на  концептот за заштита на критичната инфраструктура меѓу кои е и Директивата Council DIR 2008/114/EC.

Инаку, проектот Национална конвенција за Европската Унија во Северна Македонија е платформа за вклучување на граѓанскиот сектор во дебати за теми поврзани со процесот на европската интеграција, со цел да се подготват сите капацитети на државата за претстојниот процес на преговори со ЕУ. Проектот е финансиран од УСАИД и Словачката агенција за развој.

watch anime free. GogoAnime.be - The best website to watch anime for free thousands of anime episodes. Watch anime online in English at GoGoAnime. Subbed, Dubbed, No ADs.

Dragon Ball (Dub) Episode 153

sites to watch anime GoGoAnime Banished from the Hero’s Party, I Decided to Live a Quiet Life in the Countryside

watch anime free Higehiro: After Being Rejected, I Shaved and Took in a High School Runaway

GoGoAnime Attack on Titan Final Season Part 2

GoGoAnime JoJo's Bizarre Adventure: Diamond is Unbreakable Episode 32