August 22, 2019 09:35
Фудбал

Борбата за каталонска независност ќе се води на трибините, нормално, против Реал Мадрид

Политичката организација Комитет за одбрана на републиката (ЦБР) од Барселона официјално ги повика навивачите на фудбалскиот клуб да излезат со што е можно повеќе каталонски знамиња и да навиваат против Реал Мадрид во „Ел класико“ дуелот од полуфиналето на Копа дел реј на „Ноу Камп“ во среда.

Организацијата која се бори за воспоставување на Република Каталонија со пацифистички методи, вели дека натпреварот е совршено место за покажување на желбата на овој регион за независност.

„Да го наполниме стадионот со каталонски знамиња. Да го користиме нашето знаме за да покажеме дека сме сериозни за желбата за независност. Мораме да го направиме тоа за нашите политички затвореници. Мораме да направиме непријателска атмосфера со свиркање на Реал Мадрид и нивните фудбалери“, се вели во соопштението на ЦДР.

Барселона, никогаш не правела проблеми на тие кои сакаат да се борат за каталонската кауза на „Ноу Камп“. На речиси секој меч има некоја порака која е поврзана со независноста или политичката ситуација во Каталонија.

Нови вести

Балотели е нов фудбалер на Бреша

24info

Утре ќе биде позната судбината на Дибала

24info

Најголемите разочарувања од Серија А во Премиер

24info