June 21, 2021 19:03
Спорт

Борац Бања Лука е разочаран од ангажманот на Вујовиќ

Миленикот на вардоровите навивачи, ракоетниот стратег Веселин Вујовиќ е се поблиску до ново трето седнување на жешката клупа кај „црвено-црните“. Челниците на боснаксиот лигаш Борац Бања Лука не кријат дека се разочарани од работата на Вујовиќ со кого немаат намера ниту да разговараат за продолжување на соработката.
– Разочаран сум од Веселин. Тој е едно големо и многу скапо промашување. Многу погрешивме што го ангажиравме. Имаше неверојатни услови за работа, а ние за возврат добивме апсолутно ништо. На крајот се покажа дека ние сме му само попатна станица. Да му помине времето додека се пресели во Скопје – изјави Маринко Умичевиќ, потпретседателот на клубот.

Вујовиќ досега во тренерската кариера два пати го предводеше Вардар. Првиот мандат му беше од 2006 до 2009 година додека во вториот работеше од 2011 до 2013 година. Дека Вардар ќе има нов тренер во претстојната сезона потврди и актуелниот стратег Стефче Алушовски кој соопшти дека ќе се разделат сои клубот на крајот од сезоната.

AniWatch animes online: Watch Naruto: Shippuden (Dub) Episode 396 (https://aniwatch.pro/m/5WKn/ep-396)

AnimeTV watch animes: My Hero Academia 3 (Dub) Episode 25