December 5, 2022 08:29
Економија

Бонус до 3.000 евра ќе добијат вработените во Германија поради инфлацијата

Вработените во Германија ќе можат да добиваат регреси и премии до 3.000 евра годишно, без даноци и придонеси, за полесно да ја надминат високата инфлација.
Ваква одлука донесе Бундестагот, пренесува „Капитал“.

Олеснувањето ќе важи до крајот на 2024 година. Сепак, отворено е прашањето колку работодавци воопшто ќе можат да исплатат бонуси. Претседателот на синдикатот на работодавачи, Рајнер Дулгер рече дека не сите компании се во состојба да се изложат на таков трошок.

Веќе за време на пандемијата постоеше можност да се плати премија без данок. Сепак, не се знае колку фирми исплатиле и за какви суми се работи.

Предуслов за даночно ослободување е парите да се исплаќаат покрај редовната плата. Дополнително, работодавачот мора да наведе дека се работи за паушален износ кој е поврзан со поскапувањата. Во случај на корисници на социјална помош, премијата не треба да се смета како приход.