April 21, 2021 00:58
Хроника

Бонева: Вештакот призна дека погрешно утврдил помал број на поминати километри со моето возило

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжи судењето за случајот „Друмарина“, во кој поранешната пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Силвана Бонева, се сомничи за измама со фискални сметки од патарина, што го чинело Собранието околу 100.000 евра.

-На денешното рочиште што туку што заврши, се потврди дека вештакот на обвинителството изготвил еднострано вештачење, анализирајќи ги само податоците што му ги дале од СЈО, а воопшто не земајќи ги во вид моите докази, како што се доказите за извор на средства за исплата на станот, доказите за живеење во Струмица, доказите за моето континуирано патување на релација Струмица – Скопје – Струмица, како и доказите за потребата од користење на други две возила кога моето беше на поправка по 9те сообраќајќи или кога не можев да возам заради здравствени причини.Исто така, се утврди дека вештакот на СЈО ем погрешно утврдил помал број на поминати километри со моето возило, ем идентично го препишал во вештачењето баш истиот тој број на погрешно утврдени километри од СЈО што беше објавен од обвинителката Фатиме Фетаи 7 месеци пред да биде ангажиран како вештак. По мое реагирање, судијата даде пауза за вештакот на СЈО да го пресмета уште еднаш точниот број на поминати километри, по што истиот призна дека направил грешка и погрешно утврдил помал број на поминати километри со моето возило!, напиша Бонева на Фејсбук.

Според неа, вештакот на СЈО потврдил дека од страна на службите на Собранието биле направени технички грешки при пишувањето и прикачувањето на фискалните сметки на патните налози и дека неколкуте фискални сметки што не се совпаѓаат со времето на нејзиното гласање во Собранието, се резултат на нивна ненамерна грешка.

-Се потврди и дека патните налози не сум ги пишувала ниту средувала јас, туку собраниските служби, а собраниското книговодство било должно да ги проверува патните налози и да не дозволи исплата на погрешно прикачени фискални сметки. Оттука произлегува дека обвинението на СЈО дека сум ги измамила собраниските служби во врска со исплаќање на патните налози не е основано. Исто така, вештакот на СЈО потврди дека нема ништо спорно или незаконски во парите што ги има исплатено Собранието за патарини и не може да се сметат како противправна имотна корист, како што обвинува СЈО, напиша Бонева.

 

GoGoAnime boku no hero academia season 4 gogoanime: Attack on Titan Episode 25

AnimeDao sword art online animedao: Watch The Misfit of Demon King Academy Episode 8