September 23, 2019 22:23
Ракомет

Бомба од Вардар: Познато името на шпанецот кој седнува на тренерската клупа

Во Вардар во следните две години на клупата на Вардар ќе биде Шпанецот Давид Хосе Писонеро (46) кој со клубот се договори за соработка.

 

Тој ќе је преземе екипата на „црвено-црните” летово и ќе ги води вардарци во одбрана на европската титула.

Писонеро доаѓа од Валјадолид, Шпанија каде беше тренер последниве две сезни. Претходно бил играч 12 години, од што девет сезони како дел од Валјадолид, Кантабрија и Адемар Леон.

Како тренер почнал во Валјадолид и му бил и тренер на Фернандо Хернандез. Во помладите категории бил првак на Шпанија со кадети и младинци. Бил и со репрезентацијата на Шпанија како дел од младинскиот тим на СП 1993 година во Египет.

Како играч двапати го освои Купот Асобал со Кантабрија и Валјадолис, и неколкупати бил вице-првак во неколку натпреварувања, вклучувајќи го Купот на ЕХФ и Купот на градовите, и тоа двапати со Валјадолид. Со Сантандер го освои клупскиот светски куп во 1997.

Од активно играње се откажа во мај 2003 година на 30 годишна возраст поради повреда

„Верувам дека клубот бараше некои карактеристики за наследник на Парондо во кои и јас се гледам себе си, и стил на игра што јас го негувам. Јас сакам да работам секојдневно и да размислувам така, и не гледам далеку пред себе. Горд сум што ќе бидам тренер на Вардар и што ќе бидам дел од Лигата на шампионите, изјави Давид Хосе Писонеро.

По освојувањето на втората европска титула Вардар во новата сезона влегува како еден од малкуте тимови што успеале во 10-те години од организирањето на Ф4 турнирите во три години двапати да биде првак.

„Клубот останува на својата заложба да продолжи по патот што донесе успех, а тоа е да имаме тренер кој знае како да ги склопи сите коцки и од расположливите играчи да извлече максимум. Со Писонеро веруваме дека ќе продолжиме успешно да чекориме по зацртаниот пат. Вардар секогаш бил тим што се борел за виоск пласман без разлика на натпреварувањето. Така ќе биде и во иднина. Во новата сезона имаме убави предизвици пред нас, а ние правиме се да бидеме целосно подготвени за она што не очекува, изјави Давор Стојаноски, извршниот директор на Вардар.

 

 

Нови вести

Словенецот Пелко стана „вардарец“

24info

Две дами ќе го предводат ЖРК Вардар

24info

Познати ривалите на Вардар во новата сезона од ЛШ

24info