January 20, 2020 22:22
Свет

Бомбашот во метрото во Санкт Петербург осуден на доживотен затвор

Аброр Азимов е прогласен за виновен за терористичкиот напад на 3 април 2017 година, кога експлодираше бомба во метрото во Санкт Петербург и е осуден на доживотен затвор, пресуди денеска Вториот воен суд на Западниот округ.

„Аброр Азимов е осуден на доживотен затвор“, рече судијата Андреј Морозов, пренесува ТАСС.

Судот, исто така, осуди уште десет лица на казна меѓу 19 и 28 години затвор за нападот, објави „Интерфакс“.

Сите 11 осомничени се изјаснија за невини.

Во терористичкиот напад во 2017 година во Санкт Петербург загинаа 15 лица.

Нови вести

Двајца загинати во пукотница во ноќен клуб во Сан Антонио

Filip

Седница на Советот за безбедност на ОН по резултатите од берлинската конференција за Либија

Filip

Макрон: Одличен разговор со Трамп за дигиталните такси

Filip