January 29, 2023 12:58
Македонија

,,Бомбашите” дојавуваат бомби само во ,,независни” општини

Денеска по подолг период повторно се упатени закани за поставени бомби во Скопје.

Но освен во средните училишта, денеска дојава за бомба имаше и во едно основно училиште а тоа е училиштето ,,Петар поп Арсов” во скопски Карпош.

МВР потврди дека сите дојави за бомби се лажни.

Она што е симптоматично е што заканите се упатени кон училишта под надлежност на Град Скопје а последното основно училиште е под надлежност општина Карпош.

Заедничко за Град Скопје и општина Карпош е што и двајцата градоначалниците беа поддржувани од ВМРО-ДПМНЕ но само по неколку месеци соработката се растури со тешки меѓусебни обвинувања за сторени криминали.

Сето ова отвора нови аспекти на појавата која е карактеризирана како хибриден напад.

Дали ова е своевиден чин на одмазда или притисок врз градоначалници кои беа со ВМРО-ДПМНЕ а сега веќе не се, треба да покаже истрагата.

Поврзани вести

(ФОТО) Скопје – град на сообраќајна некултура

admin

Скопје денеска беше преселено на Водно (видео+фото)

blink

Екстерно опасен загаден воздух во Скопје (видео)

blink