September 23, 2019 18:17
Култура

„Болка и слава“ на Алмодовар го отвора фестивалот „Браќа Манаки“, кинематограферот Алкаине гостин во Битола

Јубилејното 40.издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ на 14 септември ќе го отвори новиот филм на Педро Алмодовар „Болка и слава“, соопшти Гена Теодосиевска, директорка на фестивалот. Во Битола ќе пристигне и кинематограферот на филмот, Хозе Луис Алкаине, кој е лауреат на Златна камера 300 на 34. издание на фестивалот во 2013 година.

„Заедно со Благоја Куновски – Доре последните години настојуваме повеќе да ја вклучиме Битола во она што значи наш и ваш фестивал тој е заеднички проект кој го прославува филмот и кој ни ги носи најинтересните и најкротките луѓе од филмската индустрија. Годинава, покрај големиот број кинематографери кои ќе бидат гости на фестивалот ни доаѓа шпанскиот киематографер, кој е наш лауреат и прв соработнки на Алмодовар, тоа е Хозе Луис Алкаине кој доаѓа заради филмот на отворањето, кој многу тешко го добивме и чест ми е што ова јубилејно 40 – то издание на Фестивалот „Браќа Манаки го отвораме со ремек делото на Педро Алмодовар, „Болка и слава“. А по официјлната проекција, обезбедивме уште една проекција на филмот, што не беше лесно, но секоја година се обидуваме граѓаните од Битола да имаат свое место зашто ова е наш заеднички фестивал. Поголем дел од екипата се од Битола на кои јас искрено им благодарам за нивната снаодливост и професионализам. Им благодарам и на нашите партнери: агенцијата Меккен, Електрани, Тиквеш, Пелистерка, Божиновски, Вертиго, Филеви, Неком и Неотоел, Халк банка и Комерцијална банка. Ви носиме многу филмски изненадувања и доживувања, мешу ои е и филмот за затворање на фестивалот, тоа е „Манаки во слики“, новиот филм на Роберт Јанкулоски. Се одлучиве јубилејното издание да го затвориме со оние на кои им го посветуваме овој фестивал, пионерите кои со своите камери се втрурнале во животот и како што кажале: „Едно кадро за мене, едно за историјата“ и навистина така излезе“, рече Теодосиевска

По повод отворањето на Фестивалот со шпанскиот филм на Алмодовар вчера се обрати и амбасадорот на Кралоството на Шпанија, Емилио Лоренцо Сера, кој истакна дека дека е среќен што е во Битола, градот на конзулите и на браќата Манаки.

„Навистина ми е драго што Фестивалот одлучи да ја проследи траекторијата на 40 – годишната работа на Алмодовар и на неговиот соработник и пријател Хозе Луис Алкаине да ја спои со својот јубилеј и го избраа нивниот филм за отворањето. Како амбасадор на Кралстовто Шпанија се гордеам со Алмодовар и сум благодарен што ја слави неговата работа затоа што самиот тој се наметна како можеби најрепрезентативен режисер за Шпанија зашто најдобро го отслика тоа што се случуваше во последните 40 години откако станавме демократска држава. Алмодовар одеше во чекор со демократските промени, но и го критикуваше општеството со доза на сцојот специфичен хумор. Неговите филмови навистина се рефлексија на модерна Шпанија“, рече амбасадорот Сера. Тој додаде дека примерот на Шпанија , која не е идеална држава е пример за демократски промени кон кои се стреи Република Северна Македонија која ја чека влезот во НАТО и почеток на преговорите со ЕУ. „Само со конструктивна критика се оди напред и затоа уметниците и режисерите како Алмодовар се толку важни за општеството“, рече тој.

Уште еден специјален гостин покрај познатиот режисер Фатих Акин, е и светски познатиот ирски драматург, режисер, сценарист и продуцент Џим Шеридан, кој на Фестивалот доаѓа како претставник на Европската филмска кадемија (ЕФА). Тој има шест номинации за Оскар и е автор на антологиски филмови во светската кинематографија како „Моето лево стопало“ (1989), „Во името на таткото“ (1994), „Боксер“ и други. .
„Големото име како Џим Шеридан покажува каков е односот на ЕФА кон нашиот фестивал кога како свој делегат за 40. издание го испраќаат големиот автор како што е Шеридан “, рече Благој Куновски – Доре.

Уметничкиот директор и селектор на Главната програма, Куновски ја претстави годинашната селекција на филмови во конкуренција за Златна, Сребрена и Бронзена Камера 300.
„Времињата во кои светот ја препознава својата цивилизациска реалност, за жал, се оловно тешки од многу аспекти кои ја отсликуваат декаденцијата на човештвото. На тоа вистинските автори неможат да останат слепи и да ја кријат вистината под тепих.
Во селекцијата Камера 300 природно морав да вклучам што повеќе филмови со таква, би рекол, експлозивна визуелна динамика што ги одразува и надградува идеите на сценаристите и режисерите. И како врв на задоволството за квалитетната селекција во Компетицијата Камера 300- е ремек делото, според мене моралниот победник во Кан- „Болка и слава“, рече Куновски.
Тој додаде дека поголем дел од кинематограферите на филмовите во Главната програма ќе бидат гости на фестивалот во Битола.
Исто така тој ги соопшти и имињата на годинашното меѓународно жири во чиј состав се Едвард Лакман (САД), претседател и Ненад Дукиќ (Србија), Доминик Велински (Франција), Калојан Божилов (Бугарија) и Фејми Даут (Р. С. Македонија).

Бистра Георгиева, раководителка на Програмата Креативна Европа Медиа, и’ честиташе на екипата на Фестивалот и рече дека е голем успех на Фестивалот што оваа европска програма го препозна тоа и стана партнер на фестивалот што е голем успех. Таа информираше дека На ова фестивалско издание , МЕДИА Деск МК во соработка со МЕДИА Дескот од Хрватска и Хамбург на 19.септември ќе организираат „Филмски разговори“ на тема: Успех: отскок или стапица?!

Покрај другите филмски програми и годинава ќе се одржи Детската програма со партнерство со „Бимилк“, кој за децата ќе организира креативна работилница.

Нови вести

Министерот Исмаили со поддршка на детскиот фестивал „Литера“

Valentina

Претстави на четири театри на Фестивалот за деца и младинци „Малиот принц”

zane

„Моќта на Заратустра“ ја отвора новата сезона на Филхармонија

zane