December 5, 2021 10:44
Магазин

Болдвин две години се борел со зависности- Кој му го наполни пиштолот на снимањето на „Rust“?

Хаос, дрога и алкохол му претходеле на пеколниот инцидент кој се случи на снимањето на филмот Rust (’Рѓа) кога мегапопуларниот глумец Алек Болдвин(68) ја уби директорката на фотографија Халина Хачинс(42), а го рани режисерот Хоел Соузу(48), пишува СрбијаДанас.

Дали тој ќе одговара за убиство пред властите во Ново Мексико зависи од истрагата за тоа што имало во пиштолот и по чија вина бил наполнет, а законот во оваа америчка држава предвидува казна од 18 месеци во вакви случаи.

Болдвин пред неколку години призна дека бил зависник од кокаин, а дека наместо да оди на рехабилитација се ослободил од дрогата и алкохолот играјќи видео-игри по цел ден.

– Живеев на „бело“ две години, тоа беше навистина жесток период од мојот живот. Не е лесно да се комуницира со овие насилници, дилери на дрога, секојдневно. Освен тоа, пиев многу. Се срамев да кажам колку сум мизерен, но тогаш бев дете. Незрело дете – рече тогаш Болдвин.

„Никој никогаш не смее да биде убиен од пиштол на филмски сет“, се огласи за инцидентот и Брендон Ли, син на познатиот глумец Брус Ли, кој исто така трагично загина на снимање.