December 7, 2019 02:18
Македонија

Боки 13 сместен во хашкото одделение во „Шутка”

Боки 13 ги поминал сите прегледи и процедури денеска во затворот „Шутка” каде беше спроведен доцна синоќа.

Директорот на затворот Есад Рахиќ вели дека се спроведени сите процедури како кај сите притворени лица, насоки на проценка, како и насоки за прва помош, пишува А1он.

Боки 13 моментално е во хашкото одделение со уште еден притвореник, а полицијата немала проблеми при неговото спроведување и сите процедури.

По собрани вербални и материјални докази, Обвинителството вчера отвори истрага во која осомничените ги товари за кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“, а првоосомничениот Јовановски и за  „перење пари и други приноси од казниво дело“.

Тие во два наврата примиле вкупно 1,5 милион евра од побарани осум милиони евра од лице против кое се водело истрага.  На осомничениот од кого ги изнудиле парите му ветиле дека преку обвинител со кого имаат пријателски врски т.е. влијание ќе ја запрат истражната постапка или ќе му ја олеснат положбата во постапката.

Нови вести

Спасовски: ОЈО не бара притвор ни за напаѓачи на полицајци

Igor

Ѓорчев во САД на форум на Интернационалната демократска унија

Filip

Новиот Предлог-закон за легализација на дивоградби во вторник на владина сеедница

Filip