Search

Боки 13: Рускоска вмешана во корупција тешка 4 милиони евра

Обвинетиот во Рекет, Бојан Јовановски на денешното рочиште ја обвини обвинителката Вилма Рускоска за корупција тешка 4 милиони евра. Тој во судницата рече дека за таквото тврдење поседува несоборливи докази. Најави дека ќе поднесе кривична пријава против неа но и уште против 18 лица.
Претходно сведочеше пријателката на Боки, Лила Филиповска, која рече дека повеќе не се пријатели, но и дека на два пати му дала позајмица за телевизијата 1ТВ.

-Сакам да ве известам за некој важни ситуации во овој предмет. За да не се повторувам, дека од ден во ден мојата здравствена состојба е полоша. Во едно од моите писмени известувања имам пратени писмо и до шефот на ОЈО Љубомир Јовевски. Главното прашање пред овој суд се неколку работи: Се чувствувам како најобесправено лице кое го дише најзагадениот воздух во земјава и за нив судот има подруги ставови. Се чувствувам како заложник од мрачни сили. Од шефот на ОЈО ми беше советувано се да кажеме во суд. Каде да поднесам 19 пријави, меѓу нив и против Вилма Рускоска. Дали лицето Вилма Русковска да го пријавам кај обвинителката Вилма Русковска? Каде да го пријавам лицето Вилма Русковска за корупција од 4 милиони евра за кои имам несоборливи докази,праша Јовановски.

Јовановски додаде оти повеќе Русковска не ја смета за надлежен обвинител за Рекет и ќе бара нејзино изземање.
Судијката Васка Николовска-Масевска го поучи дека може да бара изземање на обвинител со повисоки инстанции и дека местото за такво барање не е судот.
Треба да знаете
Последни објави