December 2, 2022 11:51
Македонија

Боки 13: Не сум експериментален глушец

На денешното судење за случајот „Рекет” Бојан Јовановски се пожали дека не му е подобрена состојбата и дека нема повеќе да оди на дополнителни испитувања.

„Вкупно 55 пати бев носен на испитувања. Не сум експриментален глушец. Ве молам да не си играте со моето здравје“, посочи Јовановски. Тој додаде дека желудникот му е пред малигнитет.

„Има специјалистички и субспецијалистички наоди како да се постапува со мене, а не се постапува, се чувствувам дискриминиран“, истакна Јовановски.