November 27, 2020 02:57
Македонија

Боки 13 излезе од “Шутка”, а неговиот татко на 16-ти влегол зад решетки во истиот затвор

По 15 месеци поминати во притвор, денеска од истражниот затвор “Скопје” излезе Бојан Јовановски и замина во домашен притвор. Апелација ја прифати жалбата на неговиот адвокат Сашко Дукоски, кој бараше укинување на притворот поради влошената здравствена состојба на Јовановски.

Од истиот затвор од кој што Боки 13 излезе, на 16 октомври влегол неговиот татко Миле Јовановски, дознава “Фокус”, и тоа за издржување на затворската казна која ја доби за напад на неговиот сосед, свештеникот Виктор Стојчев.

Повеќе од текстот на следниот ЛИНК