April 20, 2021 19:32
Македонија

Боки-13 бара смена на Русковска за предметот ,,Меѓународен сојуз”

Бојан Јовановски кој е обвинет во случајот Меѓународен сојуз бара смена на обвинителката Вилма Рускоска.

На денешното судење рече однесувањето на обвинителката е тенденциозно, непрофесионално и понижувачко бидејќи повеќе не се појавувала на судењето, а често се менувале и обвинителите кои ги праќала како нејзина замена.

-Го молам државниот јавен обвинител Љубомир Јовески да одреди кој е застапник на ова обвинение кое според мене опстојува на стаклени нозе и без докази. Рускоска мислеше дека е доволно да го поднесе обвинението, а потоа да ги праќа своите заменици кои не се упатени во предметот, покажуваат непознавање на материјата, па сметам дека Јовески треба да ја изземе Рускоска и да назначи нов обвинител за да знаеме кој го застапува овој предмет, рече Бојан Јовановски.

GoGoAnime gogoanime 19: Watch That Time I Got Reincarnated as a Slime Season 2 Episode 3 (https://gogoanime.be/m/nMPg/ep-3)

AnimeHeaven anime heaven anime: Watch Demon Slayer: Kimetsu no Yaiba Episode 6