July 23, 2021 07:51
Македонија

Боки: Кичеец предизборно се шета со својата паравојска низ Скопје

Зошто обвинителката Вилма Русковска денеска не е присутна во судницата, ги праша Бојан Јовановски новинарите пред да почне да ги изнесува завршните зборови и најави дека ќе бара да одржи прес конференција во затворот “Шутка”.

Тој почна со цитат од Достоевски, дека мислите кои не се осудуваме да си ги кажеме самите себе, рече дека ќе ги каже пред Судот и ќе ја отвори Пандорината кутија.

-Како иден лидер на оваа држава, бидејќи ова не е правен туку политички процес поради кој сум во притвор, завршните зборови ги давам без притисок и со чиста свест. Да беше комедиографот Бранислав Нушиќ жив ќе имаше материјал за нови дела, наместо “Госпоѓа министерка ќе ја напишеше Госпоѓа обвинителка”, наместо “Сомнително лице Сомнителен сведок” и место “Ожалостено семејство Ожалостена држава”, рече Боки.

Тој во насока во објаснување на самиот процес рече дека обвинителката не дала никаков доказ, а дека третиот обвинет, Кичеец вчера со својата паравојска се шета на слобода низ Скопје и седи со директори, а тој е 11 месеци во притвор.

-А Кичеец е на слобода бидејќи доаѓаат избори, рече Боки покажувајќи пред судот фотографии, кои според него се снимени вчера во Скопје.

Според Боки, емоциите кон Кичеец биле силни така што бил доведен во заблуда од него, бидејќи бил агент провокатор.

Боки кажа дека му биле угрозени многу права откако е притворен, па се случи поранешниот премер да го нарече јавно “педер”.

-Ако може тој јавно така да ме нарече, што останува за другите. Дали Зоран Заев одговарал за говор за омраза? праша Боки.

Тој рече е небулоза дека имал врска со предметите на СЈО, оти неговите познавања за истите ги спореди како да Ролинг стонс да земат да испеат песна од Гоце Арнаудов.

 

ANIMEFLIX animeflix dr stone: Naruto (Dub) (https://animeflix.nl/m/pNP) Episode 220

AnimeHeaven animeheaven hunter x hunter: Watch Attack on Titan Season 2 (Dub) Episode 7 (https://animeheaven.pro/m/QkoW/ep-7)