August 15, 2020 16:04
Македонија

Боки до Камчев: Мајка ти и сестра ти први ќе бидат исклучени од обвинението

Бојан Јовановски во дел од снимката им објаснува на Камчев и Камчева дека сестрата и мајката на Орце први ќе бидат исклучени од одредена постапка на СЈО.

„Јас имам интерес, да не се лажеме. Друго, политички нека не те лажат. Да не бидам поконкретен, а ако треба и ќе бидам. Немој да веруваш дека тука не знам колку политички сакаат некого од вас да заштитат. Има една вистина, тенденцијата за тебе е ова втората опција е признавање и отштета. А на него, казна не му бега. Што се однесува до Ратка и до Тина, неколку аспекти има што треба да бидат прочешлани и први ќе бидат исклучени од обвинителниот акт”, вели Јовановски, а пак Ана Камчева прашува “А Тодор”, на што добива одговор од Јовановски „За него немам одговор”.

„Нема казна, имаш договор. Со проценител ако има некаква штета”, вели Јовановски откако Камчев го запраша „А што е казната”.

„Извини му се сега пред сите четворица тука”, вели Камчева во снимката, откако Јовановски се жали дека некој од присутните претходно му се раздрал.

Претходно во еден од разговорите кои се пуштаат во судницата во врска со случајот „Рекет“ се слуша Орце Камчев како се лути за брифинг од Лиле Стефанова во врска со предметот „Империја“.

„Јас те прашав дали е таа под контрола, ти рече ‘Ок ќе биде’”, му вели Камчев на Јовановски, на што тој одговара:

„Ова е ПР на Лиле Стефанова. Не знам точниот мотив за Лиле Стефснова да излезе пред новинарите и да говори за ‘Империја’. Дека предметот има сведоци и заштитени сведоци, тоа можам да го тврдам пред вас”, на што Камчев вели „Какви се тоа заштитени сведоци, измишљотини. Тоа не е на татко ѝ од Радовиш“.

Бизнисменот исто така нагласува дека целта на обвинителката Стефанова му е нејасна.

„Јас ти гарантирам дека нема криминал, дека доказите нејзини се за во Радовиш. Каде е државата оштетена? Нема затајување данок, нема ништо. Нејзината цел ми е нејасна. Ако треба да лежам затвор, ќе лежам ако сме погрешиле и тоа е“, вели Камчев.

На ова Јовановски вели: „Сега ви кажав отворено дека начини постојат и дека за овој последен чин од претставата ‘Империја’ со тебе имам една улога и дека со него ќе имам друга. За тоа има услови“, вели Јовановски и бара Камчев да не потпаѓа под манипулации.

Поврзани вести

Боки 13 од баба му Евгенија добил 300.000 евра

Valentina

Боки: Доаѓаат времиња кога паметниот ќе замолчи, будалата ќе проговори, а фукарта ќе се обогати. Рускоска: Ти си фукарата?

Igor

Сведок во „Рекет“: Боки не е многу галантен, сама си плаќав за патувањата во странство

Igor