March 24, 2019 23:05
Забава

„Боемска рапсодија“ триумфираше на доделувањето на „Златен глобус“

Синоќа во Лос Анџелес се одржа 76. доделување на наградата „Златен глобус“.

Биографскиот филм за починатиот фронтмен на групата „Квин“ Фреди Меркјури, насловен „Боемска рапсодија”, беше прогласен за најдобро остварување на доделувањето на наградата „Златен глобус”.

За најдобар актер е прогласен Рами Малек, кој ја игра главната улога во „Боемска рапсодија”.

Филмот „Зелената книга“ ја освои наградата за најдобро остварување во категоријата комедии и мјузикли, а за најдобар актер во категоријата комедијата и мјузикли е прогласен Кристијан Бејл за улогата во филмот „Вајс”, а во истата категорија за женска улога Оливија Колман.

Филмот „Рома” освои „Златен глобус” за најдобро странско остварување, а режисерот Алфонсо Куарон ја доби наградата за најдобар режисер за тоа дело.

Наградата „Сесил Б. Демил“ за животен придонес во филмот му беше доделена на актерот Џеф Бриџис.

Нови вести

(ВИДЕО) На девојката која вози велосипед и стана жешко, па реши да се соблече

Filip

Куче херој се врати дома со порака на вратот што ги изненади сопствениците

Filip

(Вознемирувачко видео) Јагуар нападна жена додека се обидувала да направи селфи во зоолошка

Filip