August 21, 2019 17:07
Култура

„Боеми“ на Џакомо Пучини на 22 мај во Националната опера и балет

Величественото дело „Боеми“ на Џакомо Пучини ќе биде изведено на 22 мај, со почеток во 20 часот, под диригентската палка на Оливер Балабурски, во режија на Дејан Прошев.

Во улогата на Родолфо ќе настапи добро познатиот тенор Иван Момиров од Бугарија. Цветелина Василева од Бугарија со својот уникатен лирско-драмски сопран ќе ја изведе улогата на Мими. Таа има богата музичка кариера настапувајќи низ најпрестижните оперски куќи како што се Метрополитен во Њујорк, Кралската опера „Ковент Гарден“, Државната опера на Берлин и многу други низ целиот свет.

Валдис Јансонс од Латвија ќе настапи како Марчело, Андреа Ѕаупа од Италија во улогата на Шонар, додека заводливата Мизета ќе ја толкува Катерина Стојановска, а Владимир Саздовски во улогата на Колин.

Нови вести

Маестрална изведба на „Одисеј“ за крај на 59. Охридско лето

zane

СВП: Бландијана е поет со бунтовен дух, симбол на отпорот против социјалната матрица, борец против лагата, неправдата

zane

Со филмовите „Мизерикордија“ и „И сѐ стана песна“ ќе биде отворен фестивалот „МакеДокс“

zane