September 20, 2021 21:22
Скопје

Богоев: Учесниците во инцидентот не се советници и добија отказ

Љубовната-крими драма која денес се случила во Општина Карпош, кога вработен во општината нападна со нож сопруг на вработена во општината, заврши со прекин на договорите за работа на двајцата, односно на вработениот напаѓач и на жената, исто така вработена во општината, објави Фокус.

Според МВР, денес во 11:30 часот било пријавено дека по претходна расправија С.А.(34) со остар предмет му нанел повреда на В.К.(37) двајцата од Скопје. Повредениот бил пренесен во Градската општа болница ,,8-ми Септември“ за укажување на лекарска помош. Од страна на полициски службеници од СВР Скопје излезено било на местото на настанот и се работи на расчистување на случајот.

Веднаш по објавата на веста, во јавноста се појавија шпекулации дека станува збор за советници во Општина Карпош, најверојатно поради совпаѓање на иницијалите.

Сепак, градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев, за ,,Фокус” вели дека станува збор за дезинформации и напразно ,,се земаат во уста” советниците, кои не поради своја вина се најдоа во центарот на вниманието.

-Станува збор за лица времено вработени во општинската администрација, не се советници. Вработената е во одделение за поддршка на Советот, па можеби затоа некој помислил дека се работи за советници од општината, раскажува градоначалникот.

Додава дека и на двајцата вработени, вклучени во настанот, веднаш им се прекинати договорите.

-Понатаму, полицијата нека си преземе- ни изјави Богоев, кој моментално е на годишен одмор.

Website https://4anime.biz: Watch Top Secret: The Revelation 4anime Episode 26 4anime english

TwistMoe: So I'm a Spider, So What? (Dub) anime episode 24 online free at https://twistmoe.net watch anime online

Watch Mobile Suit Gundam Unicorn (Dub) Episode 7

Website https://gogoanime.be: Watch You're Under Arrest (1996) (Dub) gogoanime Episode 47 gogoanime pokemon

Animefreakws edublogs: https://animefreakws.edublogs.org/

Lifeofpix: https://www.lifeofpix.com/photographers/gogoanimebe/