June 18, 2019 20:04
Скопје

Богоев: Со волја и работа покажавме дека Карпош е дел од развиениот свет

Спортскиот центар „Партизан“ треба да биде пример дека нема да дозволиме пропаѓање на јавните добра, на објектите кои се од јавен интерес. За рекултивирањето на јавните површини/објекти и нивна пренамена, како и правилното управување со отпадот, говореше градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев, на панел дискусијата во рамки на првата не – конференција: „Green City  Unconference: A city that re (invents) itself“, во организација на фондацијата Фридрих Еберт и Град Скопје.

Станува збор за првата не – конференција која обедини на едно место повеќе претставници од институции, студенти, невладини организации и приватен сектор.

Градоначалникот Богоев пренесе и дел од искуствата кои ги стекна за време на студиската посета на Германија. Тој е убеден дека голем дел од политиките може да се применат и во Карпош.

-Во текот на вчерашниот ден покажавме дека и Карпош може да биде дел од модерниот свет и правилно да управуваме со отпадот. Започнавме со преработка на сувите и скршени гранки, кои ќе бидат преработувани за живеалишта на мајмуните во Зоолошката градина. Претходно, во текот на зимата, од запленетите гуми за греење, направивме убави жардиниери и столчиња во училиштата и градинките, рече Богоев.

Исто така, градоначалникот напомена дека Општината трајно ќе го облагороди потегот од вештачката карпа до бунарите на реката Лепенец, долж Кејот на Вардар. Со изведбата на Спортско-Адреналинскиот парк ќе се придонесе кон зголемување на зеленилото, но и спречување на нови диви депонии и палење на огнови на отворено.

Во интерактивниот дел, присутните студенти се интересираа за начинот на кој Карпош ги користи обновливите извори на енергија, предизвиците со отпадот, говореа за потребата од поголема координираност на институциите во доменот на собирање на отпадот, а ја оценија како позитивна комуникативноста и достапноста на градоначалникот.

Нови вести

Oпштина Кисела Вода со подршка за решавање на проблемот со центарот со зависници

Filip

Продолжува одличната соработка на Општина Чаир и ЈП “Паркови и зеленило”: Нови инвестиции за позелен Чаир

Igor

Општина Гази Баба: Просторот околу јамата во Хиподром е обезбеден со заштитна ограда

zane