June 13, 2021 15:29
Скопје

Богдановиќ подели 150 топли оброци храна по повод празникот Рамазан Бајрам

Во пресрет на големиот верски празник Рамазан Бајрам, градоначалникот Саша Богдановиќ заедно со колеги од Општина Центар и волонтери од невладината организација „Банка за храна“, спроведоа уште една хуманитарна акција за граѓаните од муслиманската веросиповед кои живеат во Општина Центар. Со поддршка и донација од општествено одговорни компании, општината подели 150 топли оброци храна и 50 пакети прехранбени производи на социјално ранливите семејства во центарските населби Маџир Маало и Крњево.

„Би сакал на сите верници да им го честитам празникот Рамазан Бајран и заедно преку хумани и благородни дела да градиме мостови на толеранција, соживот и меѓусебна почит. Изразувам благодарност до сите компании и поединци кои се вклучија во оваа акција и што преку заедничка хумана мисија им овозможивме на нашите сограѓани да го прослават празникот со топол оброк во нивните домови“, изјави градоначалникот Саша Богдановиќ

Оваа хуманитарна донација е обезбедена од општината во соработка со општествено одговорни компании, поединци и голем број економски оператори. Општина Центар како локална самоуправа продолжува и во наредниот период со проектот „Нула глад“ кој има цел да обезбеди помош и поддршка за најранливите категории граѓани кои живеат на територијата на Центар.

AnimeHeaven animeheaven unblocked: Jujutsu Kaisen (TV) (Dub) Episode 23

ANIMEFLIX dragon ball z animeflix: Attack on Titan (Dub) (https://animeflix.nl/m/zL08) Episode 25