July 26, 2021 02:30
Спорт

Богдановиќ најави реорганизација на КК Работнички и реконструкција на спортската сала

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ и претседателот на Кошаркарскиот клуб Работнички, Ристо Гапиќ, ги најавија идните планови за реконструкција на спортската сала и активностите што ќе се преземат во наредниот период за Кошаркарскиот клуб Работнички.

-Оваа година не успеавме да ги постигнеме очекуваните резултати на спорстки план во македонската и меѓународната кошаркарска лига и поради тоа како раководство започнуваме со целосна реорганизација на самиот клуб за КК Работнички да го постигне нивото што го заслужува-најтрофеен клуб и кошаркарски бренд, изјави Саша Богдановиќ.

На прес-конференцијата градоначалникот Богдановиќ изјави дека раководството коешто е составено од директорот и членовите на Управниот одбор, максимално се потрудиле да ги обезбедат најдобрите услови што може да ги има еден кошаркарски клуб и со поддршка од Советот на Општина Центар, партнерите и спонзорите на клубот, како и луѓето коишто се вклучени во менаџерскиот процес успеале навремено да ги подмират редовните трошоците што не било пример изминативе дваесет години.

-Македонската кошарка според сите направени анализи се соочува со недостаток на добри играчи, а бастионот и родилката на кошаркарските играчи во минатото била ‘Работнички’. Сметам дека во наредниот период тоа ќе биде и наша заложба како Управа и ќе преземеме значајни чекори за да потврдиме дека нашиот ‘Работнички’ е кошаркарски клуб што креира таленти и млади спортисти и достоинствено ќе го врати сјајот на нашиот клуб“, изјави претседателот на КК Работнички, Ристо Гапиќ

Во наредниот период раководството на КК Работнички ќе склучат нови соработки што ќе имаат цел да овозможат подобрување на состојбата во клубот во однос на финансирањето и организацискиот дел, а Општината ќе ги поддржи со потребните финансиски средства и ресурси.

-Започнати се преговори за ангажирање нови играчи и тренери за следната сезона што ќе го комплетираат и надградат клубот, а новата и подмладена екипа ќе има цел да направи одредени промени и да го врати победничкиот пат кој секогаш го имал нашиот ‘Работнички’, изјави градоначалникот.

Во најава е изградба на нова кошаркарска сала и спортски комплекс, каде што градоначалникот Саша Богдановиќ најави дека по завршување на судскиот спор и враќање на земјиштето во владение на Општина Центар, ќе започне процесот за изградба на нова спортска сала и реализација на нов капитален проект.

AnimeHeaven Watch anime online, English anime online HD. Mobile Suit Gundam: Iron-Blooded Orphans Episode 25

AnimeDao Watch anime online, English anime online HD. DARLING in the FRANXX (https://animedao.nl/m/WP3Y) Episode 24

AnimeFreak Watch anime online, English anime online HD. Watch Kimetsu no Yaiba: Kyoudai no Kizuna Episode Full

KissAnime Goodreads: https://www.goodreads.com/user/show/136163813-kissanimemx